Граѓаните треба да се чуствуваат безбедни и слободно да си се чуствуваат безбедни. Но ваков тип на изолирани инциценти ќе има тврди премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Претрес со Ландов“ за случувањата со црквата во Општина Врапчиште.

„Очекувано е сето ова. Јас го најавував сето ова и ова ќе продолжи. Затоа што опозицијата има криза на идеи, криза на проекти, криза на контруктивни предлози и единствен начин за да привлече внимание е токму овој, а тоа е со етнички а сега отидоа и чекор понатаму со верски тензии. Не очекувам дека овој изолиран случај ќе заврши тука и ќе престане “ вели во премиерот Христијан Мицкоски во „Претрес со Ландов“.

Тој додава дека во инцидентите учествуваат партиите од опозицијата и од македонскиот и албанскиот политички блок. Мицкоски додаде дека ова е погрешен начин и стратегија за делување, бидејќи овие конфликти само создаваат негативни чувства кај граѓаните.

На прашањето дали ДУИ сака да се врати на власт преку вакви инциденти, Мицкоски рече дека не е само ДУИ, туку има партии и од македонскиот блок кои се опозиција.

Мислам дека на ваков начин тие со ова создаваат дополнителни негативни чувства кај граѓаните во однос на нивното функционирање. Друго е вие да излезете во јавноста со идеи, проекти, издржана критика, но да предизвикувате ваков тип на конфликти, за мене е погрешна стратегија, дециден е Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не може да се очекува криминал да нема, но важно е каква ќе биде борбата против криминалот.

Не можете да очекувате дека нема да има криминал, но, битно е каква е вашата борба со криминалот и дали како политичар зависите од милоста на тие криминални банди. Тоа е суштината, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.