Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната панел дискусија „Младински политики“ на Саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили, истакна дека главен фокус на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, затоа што мора да им се обезбедиме иднина и услови да останат во Македонија.

Мицкоски посочи дека младите тука не гледаат перспектива, не гледаат визија, не гледаат надеж дека  работите може да бидат променети, и ако државата се испразни таквата држава нема иднина и таквата држава полека но сигурно се распаѓа од внатре.

Оваа влада не успева да направи услови за младите да живеат тука, главен фокус во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите луѓе, ние тоа навистина го мислиме со низа политики кои планираме да ги водиме. Мораме на младите да им обезбедиме иднина, а таа сама по себе ќе донесе надеж Кога мислам на иднина не мислам само на економска, затоа што младите тука се чувствуваат обесправени, понижени, ограбени, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека затоа многу е важно тие кои се одговорни да ги овозможат сите услови и сите предуслови еден млад човек семејството да го направи тука, да го создаде во Македонија, тука да остане и тука да го гради својот живот.

–  Тоа е исклучително важно и тоа за нас како ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен приоритет, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека економската програма е исто важен дел,. бидејќи со силна економска активност младите ќе може да ја бараат својата шанса.

– Секој од вас треба да има своја амбиција и таа ќе се реализира. Многумина од вас ќе бидат носители на функции, ако ги погледнете членовите на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе препознаете многу млади кои во минатото биле дел од УМС. Ако го погледнете составот на градоначалниците ќе препознаете многумина кои биле дел од УМС и ја добиле шансата денеска да менаџираат со големи општини, а тоа го прават многу успешно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.