Претседателот Мицкоски порача дека е време за промени и Македонија конечно да добие вистински претседател, потенцирајќи дека тоа е Гордана Силјановска Давкова, човек со интегритет и знаење.

Затоа е време за промени. Време е Македонија да добие вистински Претседател. Затоа ве повикувам да гласате за Гордана Силјановска Давкова. Човек со интегритет и знаење, врвен познавач на уставното право и политичкиот систем. Жена со свој став за работите и жена која работи според принципи. Непоколеблив борец за правда и одговорност, за заштита на човековите права и слободи, рече Мицкоски и додаде:

Таа го напушта комодитетот и мирниот живот за да помогне на државата и да работи за заедничката цел Македонија да е подобро место за живеење. Гласот за бројот 2 е глас за професорката Гордана Силјановска Давкова која знаете дека ќе биде на страната на обесправените, која ќе ја брани и преставува Македонија пред светот преку нејзината најсилна страна а тоа е правото и правдата. Излезете и гласајте Македонија да добие вистински претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.