Христијан Мицкоски ги промаши сите прогнози што ги даваше пред јавноста.Прво и најголемо негово промашување беше дека цената на струјата за домаќинствата и компаниите оваа зима драстично ќе се зголеми, помеѓу 30 до 40 проценти. Но во реалноста не само што цената на струјата се зголеми, не само што граѓаните не плаќаат повисоки сметки за струја, туку цената на електричната енергија е сериозно намалена за 72.000 компании – обвинија од СДСМ.
Тие тврдат дека наспроти неговите црни сценарија дека енергетскиот систем ќе колабира, дека цели градови ќе се соочуваат со рестрикции во зимата, денес енергетскиот систем на државата работел со сите капацитети какко никогаш претходно во последните 70 години, а домашното производство на струја е сериозно зголемено.
Ја плашеше Мицкоски јавноста и дека ќе нема доволно гас за грејната сезона, бараше да се купува гас за цела зима во време кога овој енергенс беше со највисока цена. Цената на гасот драстично падна, а државата ако го послушаше Мицкоски ќе беше над 100 милиони евра во зијан. Ете толку се познавањата на најнеуспешниот советник за енергетика и директор на некогашен ЕЛЕМ, денес ЕСМ – коментираат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.