Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, соопштија од владиниот кабинет.
Како што се вели во соопштението на средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на интеграцијата на државата во Европската унија. Претседателот Мицкоски ја нагласи важноста на партнерството со Германија, истакнувајќи дека поддршката од германската страна е од клучно значење за развојот и стабилноста на нашата земја.
Германија е од наш голем значаен стратешки интерес, партнер и пријател. Нивната поддршка и соработка се од големо значење за нас. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на партнерство и заеднички вредности“, изјави Мицкоски.
Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.