На вчерашната конвенција лидерот Мицкоски порача дека има незавршена работа која започна од последните локални избори, а комплетна ќе биде по двојната победа на претседателските и парламентарните избори.
Имаме незавршена работа, започната од последните локални избори. Комплетна промена, и двојна победа на претседателските и парламентарните избори, нагласи тој.
Мицкоски потенцираше дека се бори за комплетна промена на власта за која како што рече свесен сум дека носи комплетна одговорност.
Да победи надежта, правдата. Триумф на народот кој ќе си ја врати Македонија во своите раце, истакна тој и додаде:
Комплетната промена и поразот над неспособноста, победа на обесправените, на илјадниците кои сега ја губат надежта, и им велам доаѓа време на ПРОМЕНИ.
Почнуваме денес и завршуваме на 8 мај. За комплетна промена која мора да знае секој еден во оваа сала дека носи и комплетна одговорност. Го немаме луксузот за чекање, калкулирање, ниту пак на меден месец како некој го вика периодот од првите 100 дена. И тоа не Македонија за 10 години, туку држава која дава брзи резултати. Бидејќи овој народ нема трпение да чека да дојдат некакви подобри времиња за една, две декади. Доста е чекање. Чекавме сите премногу, а не се случи ништо, туку отиде се за жал се на полошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.