„До Нова Година очекуваме да го пуштиме во употреба делот којшто иако беше фаворизиран некако беше заборавен, но благодарение на вончовечките напори на министерството, на Александар лично, на Коце Трајановски, директорот на ЈП Државни патишта овој пат од Ранковце до Крива Паланка би требало да биде пуштен во употреба. Исто така и уште еден пат, а тоа е од Градско преку Росоман до клисурата Фариш практично. Тој е оној експресен пат којшто треба да води до Прилеп. Тоа се првите два дела, а третиот е од клисурата Фариш до самиот Прилеп. И тика очекуваме напредок, бидејќи и тој беше заборавен. Преставува проблем една карпа која е надвисната на патот и постои опасност да во одреден момент се сруши но и за тоа се бара решение да можеме до Нова година и тој пат да го пуштиме“, вака претседателот на Владата на Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање, во врска со тоа како течат работите во патната инфраструктура и динамиката на изградба на експресните патишта.
Мицкоски исто така додаде дека се прават натчовечки напори да се решат проблемите наследени од претходната влада и да се забрза динамиката на наследените проекти.
Исто така она наследство кое што ни беше оставено, Коридорот 8 и Коридорот 10Д, односно оние четири секции коишто треба да ги поврзат Тетово и Гостивар, од Гостивар до Букојчани, од село Требениште до граничен премин Ќафасан и од Прилеп до Битола се работат. За жал поради немањето проекти, односно проектирањето во текот на изградба, многуте нерешени имотноправни проблеми, односно проблеми со експропријација, даваме вон човечки напори да го решиме, но динамиката е многу забрзана споредено со минатото, но сепак не е на она ниво на коешто сакаме да биде, но набргу од денеска мислам дека ќе го постигнеме тоа ниво на динамика коешто го очекуваме“, потенцираше Мицкоски и додаде:
„Започнуваме со проектирање на исти така експресно поврзување, односно поврзување со експресен пат од Куманово до местото Чатал, таму каде што започнува овој експресен пат, преку Длабочица доаѓа до Крива Паланка и мислам дека ни остануваат уште неколку секции коишто ќе ги работиме во периодот кој што следи со што ќе ја заокружиме целосно патната инфраструктура кај нас во Македонија, не само автопатите, туку и експресните патишта.“
Мицкоски истакна дека истовремено се работи и на пругите, приспособување на локомотивите, како и на консолидирање на јавните претпријатија Македонски Железници Инфраструктура и Транспорт.
Остануваат уште пругите. План е модернизација на Коридорот 10, Север-Југ. Имаме дилема дали да одиме по истата траса каде што ќе треба да се модернизираат шините и електрификација на истата со што би се постигнала просечна брзина од 110 до 120 км/час,, што не е големо достигнување имајќи предвид дека сега просечната брзина е помеѓу 25 и 30 км/час, како во 19 век и ќе биде барем четири пати поголема оваа брзина. Или пак да направиме експресна пруга, брза пруга таканаречена којашто би се исправила кај Свети Николе и би се спуштила доле на Гевгелија со крак кон Скопје и Велес каде што би можел возот да сообраќа со брзина од 220 до 250 км на час“, истакна Мицкоски и додаде:
„Истовремено правиме напор за консолидирање на јавните претпријатија Македонски Железници Инфраструктура и Транспорт. Беа оставени на милост и немилост повеќе од 200 вагони во пристаништата во Грција затоа што немавме функционални локомотиви. Полека оспособивме 2 стари дизел локомотиви, позајмивме нешто од соседна Србија и работиме напорно да се обидеме да ги реконструираме или поправиме кинеските локомотиви, бидејќи тие во моментов нема кој да ги поправи затоа што е останат долг кон компанијата којашто ги испорачува и тој долг не е платен и затоа тие не сакаат да дојдат да ги сервисираат. Од прилика со такви работи се занимаваме како Влада“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.