Од платото пред Владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се заблагодари за довербата на идните функционери од ВМРО-ДПМНЕ и до партиите од коалицијата и ги повика:
Никогаш немојте да го разочарате народот. Секоја грешка ќе биде остро санкционирана. Не планирам да толерирам или премолчувам било каков криминал и злоупотреба. Имаме многу заедничка работа, барам од вас пожртвуваност, посветеност, професионалност, верност на народот и државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ испрати порака и до своето семејство.
Благодарам што ме разбирате, што сте покрај мене во целиот изминат период, ве САКАМ и ви ветувам, никогаш нема да дозволам да се срамиме од тоа што го работам, ќе направам максимум да бидете горди, моите успеси, нашите успеси, се и ваши успеси, затоа што без вас јас сум ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.