Денеска во Министерството за финансии имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Разговаравме околу средствата коишто се дел од заемот од Унгарската Влада.
Би го поделил состанокот во три дела. Првиот е оној дел којшто се однесуваше на делот на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Во делот на желбата дека сакаат да учествуваат како Македонска банкарска асоцијација, членките и членовите е несомнен и сите изразија желба и подготвеност да бидат дел од овој процес, од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници, објави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.