Тргнете ги на страна оние еуфорични соопштенија на СДС, оние вештачкигушкања на темата уставни измени и изнасилени радости на партијата навласт која панично ја шират лагата дека ВМРО-ДПМН наводно им гиприфатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат.Сосема свесно ги оставив да го дуваат балонот, затоа што веднаш задаголот се гледа дека ја промашија работата и како меур од сапунуца имсе распрсна оваа лага“, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“.

Тој додаде дека ако навистина ВМРО-ДПМНЕ ги прифатела уставните измени тогаш власта ќе славела.

„Ако навистина им ги прифативме тие уставни измени како што сега тврдатво средата ќе отвореа шампанско и ќе славеа, а во четвртокот ќе ставеаточка на дневен ред во Собранието за уставни измени. И наместо сетоова тие денес држат состанок за тоа како да му кажат на членствотодека ја губат власта“, дециден е Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека сосема видливо е дека немаат мнозинство за уставни измени кои ги туркаат под бугарски диктат и дека цела година лажеа дека ќе обезбедат пратеници, па кодошеа по светот и пред амбасадори каде ги молеа да превземат чекори и направат притисок, но се им падна во вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.