Ако има избори, ние би отишле на 450.000, а СДСМ би паднал под 125.000 гласови!, вели премиерот Мицкоски во интервјуто за „Фокус“.

 ВМРО-ДПМНЕ е во континуиран раст, врз основа на бројките од анкетите што редовно ги правиме, а правиме најмалку 2 анкети месечно, сега и повеќе. Барем еднаш неделно испитуваме атрибути што ни се важни. Емпириката во политиката е многу важна, за да знаете дали тоа што го работите го работите вистински или не. Нас нѐ плаќаат граѓаните и нивното мислење ни е најважно.Врз основа на тие анкети и бројки, ние имаме пораст. Доколку сега би се случиле повторно избори, не би се изненадил со број на гласови како коалиција од 450 илјади. Значи, од оние 437 илјади, не би се изненадил ако би отишле на 450 илјади.Мислам дека СДСМ, врз основа на овие параметри, би бил под 125 илјади гласови, а Левица и ЗНАМ би биле тука некаде плус-минус 3 до 5 илјади гласа. А, во албанскиот блок би била изедначена трката, по стотина – 110 илјади гласови би добиле ДУИ и ВЛЕН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.