Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта пред избори сака да протурка неколку важни закони..Според Никола Мицевски, важни реформски и европски закони не се носат пред избори и особено за време на техничката влада која има единствена задача да ги спроведе изборите.

Еден од тие закони е за формирање на Агенција за сајбер безбедност.

Добивме и предлог закон со европско знаменце за Агенција за мрежна безбедност.Тоа е една сериозна институција која треба да прерасне во најголема институција која треба да се грижи за безбедноста во нашата држава во ситуација кога ни протекуваат информација.Таа Агенција која треба да регулира апсолутно се и да има одлична комуникација со АНБ и ОТА и со се она што значи мрежна безбедност во секоја институција.Вакви закони се носат на почеток на мандат-објаснува Мицевски во интервјуто за „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.