После 3 недели дискусии, разговори и убедувања очигледно е дека за различни работи разговараме, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски при неговото процедурално обраќање на денешната собраниска седница.

„Не слушнавме ниту во експозето на премиерот за министрите кои планира да ги постави која е целта и кои се нивните квалитети. Не слушнавме ниту од колегите пратеници да застанат во заштита и обрана за оние кандидати за министри кои планираат да дадат поддршка и зошто ќе ги поддржат“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека пред само една година беше обидот за формирање на Влада, а сега имаме нова Влада во која излезени се дел од партиите кои  беа тогаш кога не убедуваа дека тоа е проевропската Влада и се наоѓаме на самиот почеток

„Очигледно разговарајќи за различни работи на една страна пратениците од СДС и ДУИ, владејачкото мнозинство и Владата на друга страна пратениците од опозицијата и анкетите за јавно мислење на граѓаните“, дециден е Мицевски.

Тој додаде дека доволен број аргументи се кажаа денеска и бидејќи нема што да опструира власта сега ќе пробува со паузи да се соберат и да се убедуваат за мнозинството кое треба да го имаат.

Мицевски потенцираше дека срамота е и недолично е на 10 минути пред завршување на седница власта не може да ги собере пратениците потребни за седница , па затоа тука сме дајте заедно да го ставиме на гласање и да го изгласаме ова. Во спротивно тоа значи дека продолжуваат преговорите за владино мнозинство и уцени

„Бидејќи во моментов имаме доволен број на пратеници во салата потребно за одлучување по однос на владата. Ве повикувам вас и владејачкото мнозинство бидејќи ја обвинувате опозицијата дека го кочи донесувањето на Владата и владините седници кои треба да се случат, како и министерските места кои вие ги оставивте и без министри и без заменик министер, барам да ја ставите точката сега на гласање и да се изјасниме по однос на Владата“, вели Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.