Досегашното однесување на Бугарија ми дава за право да се сомневам дека Бугарија има и ќе има можност се до евентуален прием во ЕУ да рече сепак инсистираме да го признаете македонскиот јазик како бугарски, дека до 1944-та сте биле Бугари, пишува адвокатот Јанаки Митровски во колумна за Фокус. Митровски вели дека колку и да беше лош и неприфатлив договорот со Грција, фактот останува дека тука завршија грчките барања, за разлика од бугарските кои се окупаторски!
Дали ќе имаме обврска како држава да праќаме учебници на одобрување во Бугарија? Што е со т.н. говор на омраза кон Бугарија? Дали ќе се смета говор на омраза и вицеви ако раскажуваме за Бугари? И на крај, што е со историјата како крајно непотребен дел од целиот овој процес.
Македонија и Бугарија не се први земји кои претендираат на исти историски личности како свои, такви има и во самата ЕУ, па се досега не било случај да се користи како услов, создавајќи опасен преседан.
Предлогот дал е француски, дал е бугарски, за нас е неприфатлив. Франција има историја на давање поддршка на позиции кои се спротивни на нашите интереси.
Македонија мора овој предлог да го одбие ако сака да се депривира од задоволството на постојано изживување од страна на Бугарија. Liberte, egalite, fraternite, е*ете се!!!, пишува Митровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.