Под кој камен беше сокриен Венко Филипче во септември 2023 година, прашува адвокатот Јанаки Митровски, реагирајќи на изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче, дека тогашната власт предводена од неговата партија погреши кога ги гласаше измените на Кривичниот законик, коишто доведоа до намалување или застарување на казните на голем број функционери обвинети за злоупотреби.
Секако да се запраша човек каде беше Венко Филипче во септември 2023 година? Под кој камен беше сокриен? Во состојба на хибернација ли беше? Онеме ли, па некој го спречи да крене глас тогаш од позиција на член на владеачка партија кога тоа ќе вредеше многу повеќе, отколку сега како претседател на грогираниот СДСМ? Не сметаше ли тогаш дека измените во Кривичниот законик кои значат амнестија за државните криминалци е грешка?!, прашува Митровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.