Митко Трајчуловски е новиот организациски секретар на СДСМ, потврдуваат за ТВ 24 партиски функционери. Трајчуловски доаѓа на местото на Вангел Андрески, кој според СДСМ си дал оставка поради директорска позиција на нововостановено претпријатие во Центар.
Трајчулоски е актуелен државен секретар во министерството за транспорт и врски и поранешен член на тимот на Радмила Шеќеринска во СЕП. Во кампањата на СДСМ “Рамо до рамо” често можеше да се види со актуелниот генерален секретар на партијата Миле Зечевиќ. Андрески беше организациски секретар откако Димитар Ковачевски стана претседател на СДСМ , по оставката на Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.