Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дали партија ќе назначи членови во работната група за уставните измени, вели дека целиот процес што го води власта е нелегитимен, бидејќи како што рече од граѓаните нема никаква поддршка.
Митева уште еднаш го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е дека уставните измени во овој парламентарен состав и по диктат на Бугарија нема да се случат.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Нема да учествува во такви работни групи од причина што ова е нелегитимен процес, и многу пати сме кажале и апелирале до власта да не се впушта во вакви процеси каде што од граѓаните нема апсолутно никаква поддршка – истакна Митева.
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи и уставните измени нема да се случат во овој парламентарен состав по диктат на Бугарија, децидна е Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.