Владата на Ковачевски е влада на порази, притисоци и автократија. Власта е само слеп извршител на нарачки, единствениот начин на кој што владеат е преку притисоци и уцени, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Антивладиното расположение кај народот секој ден се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и самиот Ковачевски. Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Прво ги навредуваа и напаѓаа медиумите, сега со истите методи удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори.

Токму пратениците од мнозинството чувствуваат и знаат дека оваа власт треба да се смени. Затоа владата на Ковачевски користи посредници и со нападни методи ја одржува власта. Но, власта треба да знае дека ваквиот начин е обратнопропорционален од нивните намери за зголемување на мнозинството затоа што така само им се намалува рејтингот на СДС. Не далеку од денес ако СДС продолжи со погубните политики сами ќе си го постапуваат прашањето зошто голема е веројатноста да престанат да постојат.

Се поголем број членови на СДС и нивни функционери сфаќаат дека агонијата со оваа власт може да се прекине само со предвремени избори. Тие гледаат дека СДС се претвори во владин приврзок на ДУИ и секој ден власт со Ковачевски е лошо и за самата СДС и за Македонија.

Никој веќе не се плаши на заканите и притисоците на оваа власт. Нивниот политички крај се ближи, а одговорноста потоа ќе дојде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.