Сржта во проблемот е ненапредокот на Македонија во владеењето на правото и справувањето со корупцијата, а тоа беше нотирано исклучително во извештајот кој го добивме оваа година, но и изминативе денови. Ова што го слушаме по однос на уставните измени е нешто за кое ВМРО-ДПМНЕ има изградено цврст и јасен став, дека станува збор за уставни измени под бугарски диктат кои не ги прифаќаме и останавме доследни на принципот и позицијата, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Анализа“ на ТВ24.

Митева истакна дека досега власта одби неколку предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои беа во насока на изнаоѓање на правилниот начин за подобра позиција за Македонија.

Жалам што владејачкото мнозинство не ја препозна таа искрена заложба на ВМРО-ДПМНЕ и не препозна кои се позициите и како Македонија треба да се позиционира на оваа тема. Ситуацијата во која се наоѓаме сега е резултат на политиките кои владејачкото мнозинство ги имаше изминативе години, каде од една страна зборуваа за Европа, а од друга страна ги развиваа криминалот и корупцијата и резултатот го гледаме веќе годинава, потенцираше Митева.

Митева нагласи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува е како Македонија да ги подобри дипломатските капацитети и да излезе во поповолна положба.

Веруваме дека со силен капацитет, подобра дипломатија и меѓународни односи, можно е истото да се постигне дадовме неколку предлози, но не најдовме на позитивен одговор, пред се во дијалог со власта и преземање некои чекори. Имаме реторика која на власта која велеше дека со сигурност ќе се случат уставните измени до реторика во која се променува тезата и велат дека Македонија сама се блокираше. Тука е суштината на проблемот дека власта презема обврски за кои не беше спремна да ги исполни и испорача, и направи огромна штета на Македонија и процесот на евроинтеграција со прифаќање на сите барања од бугарската страна и небарањето начин како Македонија да има рамноправен третман како сите останати земји, изјави Митева.

Митева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ имаше понудено рака, понуди да се направат тимови за 5 клучни области, второ беше за хрватскиот модел, трето за одложено дејство на уставни измени, а од страна на владејачкото мнозинство беше одбиено.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.