И по четири дена реакциите за новата скандалозна одлука на Владата да формира некаков си посебен Совет за унапредување на образованието не стивнуваат, рече на денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Образовната јавност е згрозена од потценувањето кое и го приредува Владата. Во т.н. Совет нема ниту еден истакнат универзитетски професор или експерт за образование. Напротив т.н. Совет е полн со луѓе со сомнително образование и сомнителни кариери, луѓе кој на ниту еден начин не може да се поврзат со образованието, а не па со унапредување на истото.
Со Советот претседава дезертерот Ковачевски, за кој медиумите информираа дека во дата базата на факултетот во Црна Гора воопшто не постои негова докторска студија, што отвора многу сомнежи и клучно е дали тој воопшто докторирал на универзитетот во Подгорица? Замислете кој ќе го води телото кое е од суштинско значење за Република Македонија.
Потоа, во т.н. Совет е и Артан Груби. За образовната фела тотално непознат човек. Артан Груби позади себе има нула минути во настава и нула напишани научни и стручни трудови. Секако, под напишани трудови нема да ги сметаме паролите по трибини или партиските соопштенија.
Истите бројки ги следат и Битиќи, Бесими и Шаќири. Па така за овој некомпетентен Совет останува нејасно како човек со спорен докторат и луѓе со нула образовно искуство во својот живот ќе го унапредуваат образованието.
Како и со што овие тотално некомпетентни луѓе ќе го унапредуваат секторот кој е суштински за секоја држава?
Како може луѓето кои го доведоа образованието до мизерија сега одеднаш да го унапредуваат?
До кога СДС и ДУИ ќе ги понижуваат просветните работници?
А, во меѓувреме, наставата продолжува без учебници и учениците црпат знаење од фотокопирани скрипти, се склучуваат зделки за принтани скрипти од половина милион, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата, продолжуваат со формирање на советодавни тела и комисии од кои не само што нема резултати, напротив по нивното формирање секогаш состојбите стануваат полоши.
Ова мора да има крај!
Време е за избори!
Време е за одговорна влада!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.