Денес портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева по прес конференцијата беше запрашана од медиумите за коментар за тоа што ДКСК има донесено одлука дека постои партиско влијание за вработување на кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ во МВР и влијание од пратеникот Мартин Костовски за вработувањето на неговата сопруга во МНР.
Ова за жал е уште еден доказ кои се принципите на владеење на власта на СДС И ДУИ – непотизам, лични интереси, партиски вработувања и криминал. Скандалозно е тоа што вработувањата во МВР се без јавен оглас и јасно се гледа интенцијата на СДС да ги згрижи своите кандидати кои што изгубија практично на последните локални избори, појасни Митева.
Исто така таа нагласи дека потребен е рестарт на системот, власта да си замине и да започне негување на вистинските вредности согласно мерит системот.
Исто така, онаа прекршочна казна која што ја добил пратеникот Мартин Костовски сметаме дека е сосема недоволна! Потребен е комплетен рестарт на системот, оваа власт да замине што поскор и да започне негување на вистински вредности согласно мерит системот, а партизацијата на институциите со СДС на власт мора да биде минато“, рече Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.