Срамно и жално е што Ковачевски и ДУИ го оставија народот без леб, додека има за тендери и криминал. Македонија со оваа власт со СДСМ и ДУИ е единствена држава не само би кажала во регионот, туку и во Европа во која на народот му се под знак прашалник основни егзистенцијални работи, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за владината одлука за замрзнување на цената на лебот.

Таа истакна дека апсурдна е ситуацијата со СДСМ, нема леб, храната е скапа, а на земјоделците им скапува родот, затоа што немаат пласман.

Државата е вратена 70 години назад како во време на транзицијата кога немало леб, млеко или други продукти, па се чекало ред или се купувало со бонови – рече Митева.

Митева нагласи дека со Ковачевски веќе достигнување е ако државата и институциите можат да ги извршуваат основните функции, за повеќе и не станува воопшто збор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.