„Од еден премиер како Ковачевски и една власт како оваа на СДС и ДУИ мене ова ми е очекувано, тие немаат храброст да се соочат со реалноста затоа што Извештајот на ЕК за 2023-тата година за напредокот на Македонија е одраз на реалноста, покажува дека Македонија е земја која што стагнира. Извештаен период на ЕК од 2022 до 2023 година, цела година Македонија има стагнација, нема напредок во клучните реформи кои што се потребни за да Македонија биде земја членка во ЕУ“, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на Алфа телевизија.

Митева додаде дека граѓаните постојано слушаат дека власта е европски фронт, постојано слушаат дека од Владата се вистински Европејци во Македонија, но на крај потврдата дојде и беше констатирано дека оваа власт е заглавена во криминал и корупција. Со оваа власт државата не може да очекува никако напредок.

Замислете премиерот на државата си измислува некој настан чисто да не биде тука, да не го прими Извештајот затоа што верувам дека немаат храброст пред се да се соочат со граѓаните и да ја кажат вистината. Видовме дека нивната реторика е веќе добро позната дека секој друг е виновен, прстот го вперуваат и во опозицијата, но и во останатите општествени чинители, само не во нив. А, факт е дека вистински виновници за ваквата состојба е исклучиво Владата затоа што не покажа апсолутно никакви резултати за Македонија во однос на интеграција во ЕУ“, нагласи таа.

„Во самиот Извештај е констатирано дека нема напредок во слободата на изразување и јас многу често говорам дека навистина се срамам понекогаш од личностите кои што се на челни позиции во државата во однос на нивното однесување кон новинарите. Само во изминативе неколку недели имавме две ситуации кои што навистина беа фрапантни, едната беше министер вицепремиер кој што напушти прес конференција. А, тоа многу зборува за нив. А, од една страна велат дека обезбедиле слобода на медиумите, рамноправност и транспарентност во информирањето меѓутоа ние гледаме сосема спротивна страна. И од друга страна го имаме Ковачевски кој само пред неколку дена брутално се потсмеваше на прашања на новинар“, рече Митева.

Таа посочи дека власта е свесна за срамот кој што го има, но не сака да се соочи.

Власта сака да ја манипулира јавноста. Но, казната власта ќе ја стаса на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.