Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на коментарот на Груби дека имаат план како да ја придобијат опозицијата да гласа за уставните измени без притоа да се користат уцени и притисоци потенцираше дека Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, туку да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДС, се спремни да гласаат за уставни измени.

Груби кажа дека работел на тоа цело време да се гласало за уставните измени. Порачуваме да не се мачи, од ВМРО-ДПМНЕ. Груби да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДС, се спремни да гласаат за уставни измени. И еве поставуваме отворени прашања, дали тројца пратеници од првата и втората изборна единица кажале дека ако е на маса ова тие нема да гласаат, дали пак 6-мина пратеници од внатрешноста на СДС им рекле дека уставните измени, цитирам: се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Дали еден пратеник од ДУИ побарал пари за да гласа? Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, Груби треба да си поработи во својот двор – рече Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.