Локалното прашање не може да се одвои од големите прашања кои што ја засегаат државата од причина што тоа што го затекнавме на локално ниво ја отсликува општата економска состојба и на национално ниво. Едно од основните прашања за положбата на локалната самоуправа во политичкиот систем е односот кој државата го има кон локалната самоуправа, односно локалната самоуправа не би можела да ги реализира своите надлежности од делокругот на своето работење доколку нема доволно финансиски средства од страна на државата. Но, поради тоа ние можеме да заклучиме дека денес локалната самоуправа е потисната и е ставена во втор план од страна на државата, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет Марија Митева, на панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Што наследија општините“ по повод 100 дена отчет на локална власт.
Митева нагласи дека целта на денешната панел дискусија е транспарентно да се информира јавноста што точно наследија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од претходните на СДСМ, посочувајќи дека проблемите кои што ги детектирале нема само да ги зборуваат, туку ќе се обидат да ги решат се со цел да се донеси подобра иднина за сите граѓани.
Целта на панел дискусијата е да зборуваме отворено за граѓаните за тоа што наследија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на функцијата. Кога ја биравме темата се водевме од два фактори односно две причини. Прво, затоа што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија освои најголем број на градоначалници на локалните избори и притоа се обврзавме на чесно, транспарентно и отворено работење кон граѓаните и второ ветивме дека проблемите кои што ќе ги детектираме или кои што ќе ги наследиме нема само да ги зборуваме, туку ќе се обидеме да ги претвориме во промени кои што ќе донесат подобра иднина – истакна Митева.
Таа потенцираше дека изминатиот период како партија алармирале и предупредувале како се однесувале претходните градоначалници од СДСМ во однос на финансиското работење и трошење на општинските буџетски пари за склучување на тендери во четири очи, како и злоупотреба на службената положба.
Како политичка партија целиот изминат период алармиравме, зборувавме и предупредувавме за бројни нерегуларности кои што се направени на локално ниво во однос на финансиското работење од страна на градоначалниците на СДСМ. Зборувавме за јавните набавки кои што се склучувани во четири очи по енормно високи цени, зборувавме за злоупотребата на службената положба од страна на функционерите и за бројни други нерегуларности. Но, од друга страна како политичка партија понудивме програма која ветуваше поинаков пристап во работењето со финансиите кои што општините ги имаат на располагање – порача Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.