Министерот за одбрана Владо Мисајловски одговарајќи на прашањето за враќање на воениот рок истакна дека мора да се разгледаат сите аспекти.

Пред да влеземе во оваа идеја, треба да има една широка дискусија, рече тој.

Но, засега како Влада тоа не го дискутираме. Ако ме прашувате лично мене, јас мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, додаде Мисајловски.

Според него треба да се гледаат реалните состојби во Македонија.

Многу касарни биле дадени на општините, дел од имотот исто така е даден. Треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици, посебна анализа да дојде од сите безбедносни структури, посебно од Генералштабот па потоа да се размислува на вакво прашање. Пред да влеземе во ваква идеја треба да ги разгледаме сите можности, предизвици со кои би се соочиле и потоа да дискутираме за тоа. Но лично мене ако ме прашате, се разбира дека е убаво и за младиот дух и за секој еден човек, бидејќи на тој начин се идентификуваат и како постабилна личност. Тоа е одлично за размислување но во овој момент тоа не го разгледуваме – истакна Мисајловски од армискиот полигон Криволак, каде заедно со премиерот Христијам Мицкоски и амбасадорката на Соединетите Држави Анџела Агелер присуствуваа на денешната методско-показна вежба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.