Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска од собраниската говорница порача дека во последните два дена во Собранието на Република Македонија се случува партизација на Комисијата за избори и именувања од страна на власта сакајќи да го разрешат членот на истата комисија Фадил Зендели.

Она што се случува овие два дена во Собранието е партизација на комисијата. Граѓаните треба да знаат дека Фадил Зендели до вчера и одговараше на власта бидејќи беше дел од власта и за нив беше добар кадар да биде подпретседател, беше добар кадар да биде пратеник, но наеднаш не треба да биде ниту член на комисија која ќе одлучува за тоа кој ќе биде судија, но до вчера Фадил Зендели можеше да одлучува кој да биде а од денеска веќе нема да може односно откако ќе излезе власта да гласа бидејќи веќе не е дел од нивната коалиција и затоа јас би рекол дека е целосна партизација, рече Мисајловски.

Мисајловски истакна дека проблемот не е дали тоа е деловнички или не, туку проблемот што тоа се прави на сила.

Дали е деловнички или не е деловнички тоа е не проблем. Проблемот е што е на сила. Најголемиот проблем е што на сила го менувате човекот што седи овде, човекот што е компетентен и што може да помогне, порача Мисајловски од собраниската говорница.

Мисајловски исто така истакна и дека Кацарска изигрува портпарол на власта и по медиумите и она најавува што треба да се случува во Собранието.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.