Денеска тука ви ветуваме дека Македонија повторно ќе биде горда! Тоа значи дека секој еден од нас треба да биде спокоен. Професорката ќе се грижи за Македонците, за секој еден граѓанин без разлика на припадност. Таа го крева гласот против неправдите, рече Владо Мисајловски, носител на листа на пратеници во изборна единица 2 на вечерашниот митинг во Куманово.

Мисајловски посочи дека професорката ќе ја претставува Македонија, и дома, и во светот, на најдобар можен начин.
„Со ваша помош, со заокружување на бројот 2, професорката ќе ја направи Македонија, горда и почитувана, а не како оние што до сега ја водеа дипломатијата, Стево Пендаровски, Бујар Османи и други како нив. Тие направија само штета на Македонците и Македонија, направија секој да се потсмева со нас, да не потчинува“, кажа Мисајловски.

Мисајловски рече дека Македонија и граѓаните ги живеат можеби најтешките времиња.

„Каде и да се свртите е хаос. За секој проблем се мачите, барате врски да ви се заврши работа, затоа што системот не функционира. Корупцијата е толку очигледна насекаде, поради ова си одат од државава и младите, но и повозрасните. Вие, ова не го заслужувате. Вие сакате ваша, напредна, Македонија со пристојни услови за живот. Вие, сте енергијата поради која, јас и ВМРО-ДПМНЕ, правиме промени и бараме промени за подобра Македонија“, вели Мисајловски.

Мисајловски им вети на граѓаните дека се што треба, а можат ќе реализираат за граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже што е грижа за сите граѓани. За пензионерите 5.000 денари повисока пензија. Заедно можеме да направиме се, заедно можеме да направиме многу. Доста беа црнила, црни кампањи“, изјави Мисајловски.

Мисајловски посочи дека за време на посетите на населените места во Куманово видел желба за промени кај граѓаните.

„Кај нив гледам желба за нова влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ви ветувам од 24 април ќе почнат промените. На 8 мај треба да избере и новиот премиер кој ќе биде заедно со граѓаните, а тоа е Христијан Мицкоски“, кажа Мисајловски.

Мисајловски додаде дека граѓаните одлучуваат за промените и ги повика масовно да излезат на 24 април и 8 мај да гласаат.

„Лошите денови ги праќаме во историјата, а јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Ние ќе пишуваме историја на задоволни граѓани, граѓани кои ќе останат дома на своето, а не да бегаат од Македонија“, порача Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.