„Вчера се случи онаа фамозна Комисија што долго време ја најавуваа за уставни промени. Односно веќе една година слушаме од власта дека ќе стигне предлогот во Собрание, дека уставните измени се многу потребни во секој момент, веќе многу долг период се шпекулираше. Уставните амандмани за промена на Уставот наидоа на отпор кај граѓаните. А, вчера се докажа дека владиното мнозинство не само што нема 80 пратеници туку и дека со овој процес се удираат во ѕид“, истакна Владо Мисајловски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Мисајловски додаде дека сите седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои што се во Комисијата гласаа против.

„Постојано се бориме за да објасниме не само во Македонија, туку и надвор од Македонија дека овој процес удира во ѕид. Затоа вчера кажавме, ајде што побрзо предлогот да дојде на собраниска седница. Зошто го велиме ова? За веднаш да се гласа, односно да се потврди дека владејачкото мнозинство во Собранието нема 2/3 мнозинство“, нагласи Мисајловски.

Тој посочи дека е прашањето дали и на 18-ти август ќе се случи седницата за уставни измени. Власта знае дека нема 80 пратеници, ниту ќе има.

„Околу 80% од граѓаните се против овие уставни измени, зарем власта не ги гледа и не ги слуша граѓаните. Ние говориме за предлог кој што има отпор од сите граѓани“, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски запраша зошто власта не го праша македонскиот народ за овој процес, туку самата го тераше.

„Ние сме против овие уставни измени, бидејќи се бугарски диктат“, потенцираше Мисајловски.

Тој укажа дека со сите овие отстапки кои што ги направи власта, единствено страда само Македонецот.

„Ние она што го говориме и пред меѓународната заедница и она што го зборуваме пред граѓаните е сосема исто, и така ќе продолжиме“, појасни тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.