Заедно со кандидатите за пратеници од Ѓорче Петров, Бојан Стојаноски и Габриела Калкова, како и градоначалникот Александар Стојкоски, ја посетивме црквата Св.”Петар и Павле” во Ѓорче Петров, каде се сретнавме со Отец Игор и Отец Константин, разговаравме на повеќе актуелни теми од секојдневието и добивме благослов за претстојниот период и успешна кампања, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ6 Владо Мисајловски.

Нашата света црква ќе биде чуварот на Македонија и македонскиот народ.

Со верба и надеж во Бога да се избориме за подобра иднина на Македонија!, пишува Мисајловски во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.