Ова што се случува во Собранието е една голема фарса и ќе се носат едни пусти закучоци. Зошто го говорам ова, бидејќи ниту еден заклучок овде донесен не може да смени ниту еден документ што беше презентиран како европски, изјави Владо Мисајловски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Тој додаде дека за жал нема ништо да се смени, бидејќи оддамна рекле да и тоа мора со сила да го протуркаат, велат дека започнува европскиот пат, дека започнуваат веднаш преговорите но тоа не е така.

Во вашите документи што сте ги прифатиле се вели дека оваа преговарачка рамка ќе се презентира кога Македонија ќе ја спроведе својата заложба завршување на уставните промени. Тоа македонски народе значи дека се лаже и се суши бидејќи со овој документ не се започнуваат преговорите. Ќе се чека нова меѓувладина конференција, Албанија ги започнува преговорите, а не Македонија и тоа треба секои да го знае, кажа Мисајловски.

Мисајловски посочи дека во овој документ убаво стои дека има две фази.

Првата фаза е онаа што они ја нарекуваат некој скрининг, но тоа нема да започне. Ќе има едно големо сликање каде повторно нивната пералница ќе почне да пере мозоци односно дека добиле некој датум кој постојано го добиваат, но за жал нема да биде така, бидејќи стои дека мора да се смени уставот, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот, посочи Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека следно што велат е дека го зачувале македонсиот јазик.

Може да се примети и да се види во нивните документи што сакаат да ги затскријат но протоколот не го објавуваат дека Бугарија ќе има своја изјава каде што сака и ќе каже дека нашиот македонски јазик е Бугарски дијалект. Ние тоа не го прифаќаме и никогаш нема да го прифатиме зошто македонскиот јазик е македонски јазик и никако поинаку и никој тоа не може да го оспори, рече Мисајловски.

Тој потсети за уште една лага што ја кажува власта дека немало да се преговара за историјата а тоа не е точно бидејќи стои тука членот 12 од Договорот за добрососедство.

Мисајловски заклучи дека ова што стои во овие договори е не европско, не хумано, не човечки и ова не се европски вредности. Ова е понижување и ова е предавство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.