На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО разменивме мислења за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите и капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Истакнав дека македонската Влада е максимално посветена на исполнување на националните обврски кои произлегуваат од нашето членство во НАТО и одлучна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакна Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.