Некои Ковачевски го нарекуваат вториот човек во СДСМ затоа што Зоран Заев претпоставувам се уште е првиот човек. Но, што се случува навистина е немилосрдно со цените, со целата инфлација. Но да потсетам ние неколку пати во Собранието како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предлагаме мерки, и навестувавме дека ќе се случат вакви драстични промени. Да никој не вели дека цените на берзите не растат итн. Но, со различни мерки во прав момент ќе се намалеа многу ценовни шокови.

 

Еве конкретнода говориме за дериватите, за нафтата и бензинот. Ние како пратеничка група предложивме дури и претседателот Мицкоски неколку пати ова го најавуваше како нова мерка, дури и сите членови во комисијата за економија, под итно, најитно треба 50% да се ослободи акцизата – истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мисајловски додаде дека давачките на едeн литaр бензин е околу 43% е од 90-тина денари одат за државата. Поради тоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пара околу 50% да се намалат тие давачки и тоа значи дека со оваа цена околу 13 денари по литар ќе биде поевтина цената.

Но, зошто од власта не слушаат? Зошто ова треба се да се случи? Дали видовте дека неколку дена има паника на бензинските пумпи. И тоа знаете ли зошто се случува? Тоа се случува бидејќи немаат доверба во Владата – нагласи Мисајловски.

Toj посочи дека од власта неколку пати веќе ги уверуваат граѓаните да не се грижат дека се е под контрола за да вчера бензинот се качи за 5.5 денари, а дизелот за 10 денари.

Се случи ценовен шок, верувајте оваа не е цена која ќе остане. Имаше денеска една чудна изјава каде секој ден за ден ќе има изјава од РЕК колку ќе поскапува дизелот и бензинот. Јас имам некои информации дека можеби за 10 денари плус само оваа недела би пораснала. Но, јас да не ги плашам граѓаните има регулаторно тело кое што треба да излезе и да го каже сето тоа – изјави Мисајловски.

Тој праша зар досега Владата не гледала што се случува, зар Владата не можела да ја предвиди кризата.

И сега таа предвидливост бидејќи ја нема, се уште ќе има поскапувања. Ние од крајот на денот што ги предлагаме мерките не се за СДСМ, не се за ВМРО-ДПМНЕ туку за народот. А, ние исто така бараме и други мерки за електричната енергија, мерки со кои што ќе им се помогне и на општините. Општините се целосно заглавени со сметките за струја. Сето ова наведува на една голема инфлација односно колку се ќе поскапи во државата – појасни Мисајловски.

Мисајловски истакна дека власта си поигрува со интелигенцијата на народот.

Власта пласира евтина демагогија. Со просечната плата во Македонија околу 330-350 литри гориво може да се купи. И власта вели дека нафтата поскапува во целиот свет, а во Македонија е најевтина. Но, со просечната плата во Грција може да се купи околу 650 литри гориво. Во Хрватска исто така толку може гориво да се купи како во Грција. Во Бугарија може да се купи околу 500 литри гориво. А, во Србија е околу 400 литри со една просечна плата. А, Македонија е на некои 330 литри – изјави Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.