Честа да ја предводам победничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” во изборната единица 2 е огромна, вели носителот Владо Мисајловски.
Тој најавува дека ќе настапат позитивно, патриотски, народно и сеопфатно.
Нашата визија за Македонија ќе пристигне секаде, до секого и секој дом.
Нашата програма е победничка, а нашиот мотив е поголем од се.Тоа е програма која ќе донесе промени !Граѓаните од Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел, Куманово, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Липково и Арачиново ќе имаат можност да ја видат разликата и да ги воочат промените.
Секој човек кој сака да биде дел од промените е добредојден, заеднички да чекориме кон подобра Македонија
Време е за победа на Македонија !
Време е за победа за сите луѓе !
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.