Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски се сретна со новоименуваната амбасадорка на Канада Мишел Камерон, при што беше констатирана одличната соработка меѓу двете земји, како и унапредување на истата во одбраната, демонстрирана преку заедничко учество во обуки, вежби а во придонес во колективната одбрана на Алијансата.
-Утрово остварив средба со новоименуваната амбасадорка на Канада, Н.Е Мишел Камерон на која ѝ посакав успешен мандат и плодна соработка.
Делата зборуваат за нашата одлична соработка. Следната недела во Македонија ќе започне вежбата ‘Maple Arch 2024’ која вклучува и припадници од канадските вооружени сили.
На средбата, разговаравме и за унапредување на одбранбената соработка демонстрирана преку нашето заедничко учество во обуки, вежби, и во придонесот во колективната одбрана на Алијансата во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Латвија, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.