Договорот со Бехтел и Енка ние постојано кажуваме дека е штетен, тоа што е скриено од граѓаните е најголемиот проблем никој не може да го види договорот, а зборуваме за најкрупниот проект. Проблемот е и што на европското знаменце не му е местото на законите, дури и од ЕУ, од европската делегација велат дека треба да се тргне, нема земја членка на ЕУ во која европска регулатива е да не постои закон за градење, вели за вестите на „Алфа“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, пред почетокот на трибината во Куманово за „Младински политики“.

Мисајловски посочи дека СДС и ДУИ ставаат европско знаменце да не постои закон за урбанистичко планирање, да не постои закон за шуми, за земјоделско земјиште, закон за експропријација, а тоа не носи далеку од Европа

Ако овие пратеници од власта кои велеа дека се за ЕУ, и ако гласаат вакви закони, тие стануваат анти-ЕУ пратеници, анти-ЕУ влада, анти-реформска, устите им се полни со ЕУ, а ќе станат најголеми криминалци бидејќи ќе поддржат најголемиот криминал односно овој договор, рече тој.

Во врска со иселувањата на младите, Мисајловски потенцираше дека не само младите, целиот македонски народ, сите граѓани се иселуваат поради хаосот во општественото живеење и институциите.

Како да останат младите тука кога имате ваков договор, и се става ЕУ знаменце? Младите ја сакаат Европа, но не сакаат криминални тендери и договори. Кога вакви договори нема да бидат потпишани, кога ќе има подобро образование, здравство какво што треба, кога ќе се намалува инфлацијата, младите треба да бидат слободни, да останат во општествениот живот, а тоа не го гледаат тука и затоа гледаат да заминат оттука, истакна Мисајловски.

Мисајловски исто така посочи дека Куманово е запоставено од централната власт која тука не гради никакви големи проекти, а и премиерот и министерот за внатрешни работи се од Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.