Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски заедно со сопартијци денека ги посети Сретково, Врбен и Маврово.
Четири години беа сосема доволни за граѓаните да видат дека актуелната локална власт предводена од актуелниот кандидат на СДСМ немаат квалитет да го подобрат животот во оваа општина.
Во сабота граѓаните на Маврово Ростуше масовно ќе го поддржат концептот на ВМРО – ДПМНЕ за промени и проекти кој веќе со месеци се имплементира во најголемиот дел од општините во Република Македонија.
На 20-ти август Др. Мевмед Џафери убедливо ќе победи, а од наредниот ден ќе почнеме со многу работа да го средуваме Маврово Ростуше, општина која е национална гордост, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.