Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави порака во чест на загинатите македонски бранители кај Љуботенски бачила.
23 години непребол, 23 години болка и сеќавање, 23 години од тој кобен ден кога Македонија изгуби уште осум свои синови, херои, бранители.
Во спомен на:
Томе Бадаровски,
Гоце Чанкуловски,
Бранко Јанев,
Томислав Настевски,
Марјанчо Бошковски,
Ивица Златевски,
Томе Димоски,
Раде Јанковски,
припадници на резервниот состав на Армијата кои во 2001 година ги положија своите животи за Македонија, кај месноста Љуботенски бачила.
Вечна слава херои!, порачува Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.