Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и мириса на изигрување на законот.
Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени е исто така тешко обвинение… Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење, односно застарување на делото по 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично, вели за ТВ Телма професорот Калајџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.