На редовната седница, беше разгледан и прифатен усогласениот текст на Спогодбата за имплементација на проект од Зелениот климатски фонд со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) GmbH „Градење капацитети за одржлив развој на човечкиот капитал во Македонија (во секторите здравство, образование и социјална вклученост)“. Спогодбата ќе биде потпишана од заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, кој е назначен претставник за комуникација со Зелениот климатски фонд (Focal Point).

Денеска на предлог на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење беше разгледана Информацијата за подобрување на кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата со Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Измените на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции, во најголем дел, се резултат на забелешките и препораките на ГРЕКО, а се однесуваат на унапредување на определбата на Владата за етичко однесување на членовите на Владата и другите јавни функционери, кои се должни да работат во интерес на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.