Министре Шаќири, Вие и Вашиот колега од Министерството за финансии би требало сериозно да си ја сфатите функцијата и да не ја доведувате во заблуда јавноста дека ќе го решите проблемот на почетокот на следната година. Во Вашата изјава за ТВ24 се повикувате на: непостоечка уредба со која би добиле додаток на плата – не бараме додатоци, туку бараме достоинствена плата како што ја имате и Вие и општ колективен договор кој би важел од јули 2025 година, му одговорија од Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) на министерот за образование.
Од јануари директорката на Државен испитен центар (ДИЦ) ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто, изјави денеска министерот Шаќири кој гостуваше на ТВ 24.
Синдикатот на ДИЦ од 11 декември го продолжи штрајкот кој го почна во мај, бидејќи не беа задоволни од одговорот од Министерството за финансии за зголемување на платите на вратените во оваа институција. Со штрајкот е загрозено е полагањето на државаната матурата. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.
Објаснете ѝ на јавноста за какво решение зборувате кога се повикувате во моментов на непостоечки документи?
Министре, сериозен политичар борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција не смее да си дозволи да ја исмева нарекувајќи ја желба за популарност.
Ве повикуваме и вас и вашите колеги кои изјавувате дека имате системски или какви било решенија да го решите проблемот сега и веднаш. По 7 месеци секое одложување е смешно.
На крајот бидете и Вие општествено одговорни па откажете се од Вашата плата во интерес на образовниот процес и вработените на ДИЦ, затоа што нашите барања за покачување за сите вработени во ДИЦ се околу една министерска плата!, велат од Синдикатот на ДИЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.