Министерот за здравство, Беким Сали во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 прво рече дека Македонија веќе е во преговори за набавка на лекот за Ковид „Паксловид“, но потоа прецизираше дека Министерството изразило иницијален интерес за пристапување во преговори за набавка.
„Веќе сме во преговори со производителот Фајзер за набавка на лекот Паксловид. Меѓутоа тоа е процес. Се додека ние чекаме да ни дојдат апчиња, истиот состав е во форма на вакцина. Исто ќе штити и вакцината и апчето. Не ми е јасно зошто не вакцина, а да апче. Не гледам некоја разлика. Ние изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме во преговори за набавка“, рече Сали.
Министерот додаде дека се уште не се знае кога лекот би пристигнал во земјава.
„Имаме вакцина и не треба да чекаме“, објаснува Сали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.