Министерството за правда ќе му додели на трајно користење два простора на Основниот граѓански суд Скопје, без надомест, за што Владата на седница донесе две одлуки.

Одлуките се усвоени на предлог на Министерството за правда кое беше досегашен корисник на двата простора.

Судовите имаат законска обврска, согласно Законот за нотаријат, да обезбедат услови и просторни капацитети за архивираните предмети на нотарите на кои им престанала нотарската служба, а ваков проблем, со обезбедување просторни услови за оваа намена, според Министерството за правда, имал Основниот граѓански суд Скопје. Од овие причини, Владата, со донесени одлуки, дава на Основниот граѓански суд Скопје, на трајно користење, два простора на ул. „Гоце Делчев“ бр. 18 во Скопје, во зградата на Македонска Радио Телевизија, каде што е предвидено да се сместат архивирани предмети на нотари на кои им престанала нотарската служба поради пензионирање, на подрачјето на основните судови на Град Скопје, а за коишто, Миниситерството за правда извести дека се направени соодветен попис и селекција, информира Владината прес-служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.