Министерството за правда побара од Комората на извршители да го испита случајот поврзан со новинар, а во кој е инволвиран извршител од Гостивар и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.

Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство.

 

Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување“, се вели во соопштението од Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.