Македонското Министерство за одбрана објави продажба на 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра. Се продаваат осум германски и три белгиски овчари, објави српската национална телевиџија РТС.

Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а овие животни поминале низ комплетна обука.

Како што пишува телевизијата, продажбата на службени кучиња е втора одлука на новата македонска министерка за одбрана Славјанка Петровска, која претходно најави можност македонската армија е подготвена, доколку тоа го побара НАТО, да се вклучи во евентуален вооружен конфликт меѓу Украина и Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.