Министерот за правда Игор Филков денеска остварил средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.
Се разговарало за состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2024-2028,состојбата со Судскиот совет, затворите како и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Во однос на законодавната агенда која треба да се реализира во периодот кој претстои се планира отворање на широка јавна дебата на сите засегнати чинители во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската и општата јавност со цел да се дојде до најдобри реформски решенија за реализација на програмските цели на Владата .
Како што соопштуваат од Правда, министерот Филков посочил дека во изминатите 10 дена откако ја презеде функцијата е информиран и целосно запознаен со процесот на преговори во делот на Поглавјето 23,, Правосудство и фундаментални права”, Планот за раст и 7-те цели од Реформската агенда, вклучување на невладините организации во дискусиите, како и активностите поврзани со реализација трите тековни проекти, еден од ЕУ и два од УСАИД.
Филков ја истакнал определбата дека спроведувањето на реформската агенда е приоритет на државата при што останува клучна поддршката од ЕУ за стабилноста на земјата со надеж за продолжување на билатералната соработка во духот на заедничките вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.