Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, оствари средба со победниците на националниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“, ученици од средните училишта „Зеф Луш Марку“, „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов” од Скопје.

Честитајќи им го постигнатиот успех и освоеното прво место, министерот Шаќири истакна дека натпреварите како „NASA Space Apps Challenge“ се дел од поголем процес за подготовка на нова генерација на научници, инженери, астронаути и истражувачи, кои ќе ги предводат светот во извршување нови мисии.

Среќен сум што овој интернационален настан во континуитет го препознава исклучителниот квалитет, амбициозност и талент кај нашите млади луѓе, рече Шаќири.

Тимот за три дена колку што траеше натпревар успеа да направи интерактивна мобилна апликација и веб страна преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината направени од земјотреси таканаречени „moonquakes“, преку податоци од НАСА добиени од сеизмички и геофизички податоци прибрани од инструментите кои ги имаат оставено астронаутите од Аполо мисиите.

Учениците, покрај освоеното прво место се стекнаа и со правото посетат вселенскиот центар Кенеди на НАСА во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.