Министерот за здравство, Беким Сали смета дека протестот на лекарите е легитимен, но не навремен. Запрашан дали министерството ќе излезе во пресрет на нивните барања Сали рече:

„Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање. Тие денеска ќе ми бидат гости и драго ќе ми биде да ги видам како група на протестот, рече Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.