Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на „Фејсбук“ објави дека ја скршил раката по пад од велосипед.

Кај нашиот народ обично се вели „крши нога” за среќа и успех. Вчера попладне спортувајќи, по пад од велосипедот имам скршеница на раката. За среќа повредата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене. Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кои беа во моментот на мојата несреќа и ми помогнаа, пишува Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.