Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, соговорниците го потврдиле заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, низ процес на меѓусебен дијалог кој подразбира негување на пријателство, добрососедство и заемно почитување меѓу двете држави кои воедно се и НАТО-сојузници.
На средбата, како што се наведува во соопштението, е зборувано и за заемните заложби за натамошно интензивирање на мултисекторската соработка, особено на економски план, но и во сите други области кои се од интерес за граѓаните на двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.